„Обидот за извидување на позициите на руската армија во Арктичката зона си употреба на непријателски извидувачки дронови го спречија радарско-набљудувачките единици на Источниот воен округ кои учествуваа во оваа сложена воена вежба. Во целата активност учествуваа и специјалистите кои веќе неколку години се ангажирани на островот Врангел, каде што се наоѓа набљудувачкиот радарски систем „Сопка-2“, се наведува во соопштението кое го пренесува интернет-порталот РИА „Новости“.
Во првата фаза на воената вежба војниците имаа задача редовно да го набљудуваат воздушниот простор во своите зони на одговорност, по што според понатамошното нејзино сценарио е моделирана појава на група тешко забележливи беспилотни летала кои се движеа на мала висина. Екипажите имаа задача да ги детектираат сите овие објекти, да извршат нивна идентификација и да продолжат понатаму да постапуваат по правилата за употреба на овие единици.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче