Руската ПВО ќе ја подига својата борбена готовност со високомобилниот систем „Аѓутант“

Слободан Ѓукиќ
Овој комплекс е развиен за што поефикасно изведување на борбената обука на единиците за ПВО, како и за создавање услови за што пореално тестирање на нови средства кои сѐ уште не се усвоени во оперативното вооружување на руската армија.

Со цел што поефикасно тестирање на новите системи за ПВО, руските специјалисти го дизајнираа високомобилниот комплекс „Аѓутант“ кој ќе имитира современи воздушни средства. Неговиот облик, како и основните тактичко-технички карактеристики ќе овозможат ова летало мошне верно да симулира воздушни објекти како што се, на пример, ракетите или беспилотните летала, нагласи информативната служба на Министерството за одбрана на РФ, пренесува интернет-порталот РИА „Новости“.

„Заради унапредување на што поефикасно изведување на борбената обука на единиците за ПВО, како и за создавање услови за што пореално тестирање на нови средства кои сѐ уште не се усвоени во оперативното вооружување на руската армија, ја развивме новата универзална високомобилна мамка „Аѓутант“, се вели во соопштението на информативната служба на Министерството за одбрана на РФ.

Според оваа институција, комплексот во себе ќе обединува пет типови воздушни мети кои ќе обезбедат работа на екипажите на ракетните и артилериските ПА-системи, радарските станици и лесните преносни ракетни системи - ЛПРС.

Комплексот се состои од команден пункт со два оператора, преку кои истовремено може да се управува со шест различни воздушни имитатори, во секој од петте конфигурации. Почетокот на државните тестирања е планиран за април оваа година. Комплетното завршување на оваа програма е закажано за крајот на оваа година.

Прочитајте повеќе: Зошто кинеските ударни хеликоптери гаѓаат макети на тенковите Т-90?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња