„Противвоздушната пешадија“ ќе соборува балистички ракети

Слободан Ѓукиќ
Целта е да се оспособат сите единици за ПВО на Копнената војска да применува најсложени видови воена тактика против воздушни цели како што се балистички ракети.

Единиците за противвоздушна одбрана на Копнената војска во иднина ќе изведуваат обука за борба против балистичките ракети. Првиот експериментален облик на воени вежби кои во себе ги содржеа овие елементи беа изведени уште минатата година. Претходно овие задачи на себе ги преземаа единиците за ПВО-ПРО на Воздушно-космичката војска.

Според мислењето на воените експерти, целта на ваквата промена е максимално зголемување на ефикасноста на единиците за противвоздушна одбрана да ги заштитат индустриските и инфраструктурните објекти на територијата на Руската Федерација од напади со балистички ракети.

Во Министерството за одбрана за рускиот весник „Известија“ изјавија дека оваа година според програмата за обука на единиците за ПВО на Копнената војска предвидено е изведување на задачи за вежба кои во себе ќе вклучуваат елементи на борба против балистички ракети. Овие вежби ќе се изведуваат во сите воени окрузи на руската армија и ќе ги мине огромно мнозинство единици за ПВО на Копнената војска.

Во вооружувањето на единиците за ПВО на Копнената војска се наоѓаат неколку средства за противвоздушна одбрана кои можат да се борат против сложени балистички цели. Како прв од овие системи се наведува С-300В4. Овој ракетен систем е вооружен со тешка хиперсонична ракета со голем дострел кој може да пресретне воздушен објект на оддалеченост од 400 километри, но и со полесна варијанта на оваа ракета која има дострел до 150 километри. Инаку, овој систем на почетокот беше замислен да се бори против американските балистички ракети од типот „Першинг“.

На второ место се наоѓа современиот противвоздушен ракетен систем со среден дострел „Бук-М3“ кој според авторот на овој текст може да уништува балистички ракети „на оддалеченост до 100 километри“. Понатаму, во публикацијата се наведува дека и руските системи со краток дострел Тор-М2 имаат респектабилна далечина на уништување на противрадарски и крстосувачки ракети кои можат да „достигнат оддалеченост до 30 километри“. Овие системи се наменети да се борат против целите кои не се одликуваат со голема брзина на летот (како што е тоа случај со балистичките ракети), каде за нивниот конечен успех голема улога имаат професионализмот и увежбаноста на ракетниот екипаж.

Министерството за одбрана рационално ги користи сите сегменти за противвоздушна одбрана, изјави за весникот „Известија“ поранешниот началник на Зенитно-ракетната војска на РГ генерал-потполковник Александар Горков.

„Во согласност со новите опасности ние вршиме унапредување на системите за борбена обука во единиците за ПВО на Копнената војска. За одбивање на удар со балистички ракети најефикасно е да се користат ракетните системи со голем дострел С-300В, но можат да се употребат и ракетите кои се наоѓаат во вооружувањето на „Бук“ и на „Тор“. Задачите за вежба се изведуваат во координација и содејство со единиците на Воздушно-космичката војска. Тоа значи дека единиците за ПВО на Копнената војска ќе бидат употребени при образувањето на конвенционална противракетна одбрана во посебно определени зони. Овие единици можат да се употребат за заштита на административно-политичките центри, за научно-економските реони, важни инфраструктурни центри во државата и слично.

До 2020 година во план е да се изврши целосна обнова на паркот на вооружување на ПВО на Копнената војска. Сега со современите верзии за вооружување се зајакнуваат новоформираните ПВО ракетни бригади и останатите помали тактички единици во составот на ПВО на Копнената војска. Во согласност со плановите за опремување, ракетните системи со голем дострел ќе бидат подигнати на стандардот С-300В4, ракетните системи со среден дострел на стандардите Бук-М3 и Бук-М2, а системите со краток дострел на стандардите на Тор-М2 и Тор-М1-2.

Погледнете го видеото: Огнената моќ на сите руски системи за ПВО на едно место

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња