Експерти од САД ги оценија перспективите на новата автоматска пушка АК-203

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Што велат експертите на американскиот магазин „Национален Интерес“ за новата автоматска пушка на концернот „Калашников“.

Американскиот магазин „Национален Интерес“ (National Interest) даде оцена на новата руска автоматска пушка „Калашников“ АК-203. Оваа пушка ќе се произведува во Индија, во фабричките капацитети кои неодамна беа отворени во таа држава. Експертите на магазинот сметаат дека „смртоносниот“ АК-203 има предност во однос на домашната автоматска пушка INSAS.

Како што се наведува во текстот, руската автоматска пушка ќе го надминува според неколку параметри индискиот пандан: кај АК-203 не постои можност за застој поради висока температура, таа има помала тежина и должина, како и далеку подобро решена ергономија на оружјето. На пушката се наоѓаат и Пикатини шина, за закачување различни типови на нишани и останати тактички додатоци, што ја прави АК-203 универзално оружје, пренесува интернет-порталот „Бог-рата“.

Американскиот магазин наведува дека производството на автоматската пушка АК-203 во Индија ќе ѝ обезбеди на Русија сигурна работа во децениите што доаѓаат.

Автоматските пушки од „серијата 200“ првпат годинава им беа претставени на странските купувачи. Индија е најголемиот руски партнер од сферата на воено-техничката соработка. Секоја година Индија од Русија набавува оружје во вредност од неколку милијарди американски долари. Повеќе од 70 отсто од вооружувањето и воената техника кои се наоѓаат во индиската армија е од руско или советско потекло.

Прочитајте повеќе: Русија ѝ испорача на Индија десетици илјади автоматски пушки АК-203