Руско-индиската меѓудржавна комисија за прашања од воено-техничката соработка ги разгледа плановите околу производството на автоматски пушки АК-103 на територијата на Република Индија, пренесува рускиот интернет-ресурс РГ.
„Производството на автоматската пушка АК-103 треба да започне наредната 2019 година“, изјави за интернет порталот ТАСС рускиот заменик-министер за одбрана генерал-полковник Александар Фомин.
Покрај ова прашање, заедничката комисија ги разгледа и плановите за склопување на хеликоптери Ка-226Т во индиските воздухопловни заводи, како и подготовката на програмата за воено-техничка соработка меѓу двете држави до 2030 година.
Автоматската пушка (АП) АК-103 претставува извозна верзија на автоматската пушка АК-74М, која е направена со примена на нови материјали и технологии за изработка. Нишанскиот далечинометар е обележан на 1000 метри, кундакот и предниот ракофат се направени од црна пластика отпорна на удар, додека металните делови се заштитени од корозија. Се полни со рамки со капацитет од 30 куршуми. Брзината на стрелба е 600 куршуми во минута. Почетната брзина на зрното е 715 м/сек. Нејзината тежина е 3,62 кг. Пушката има и место за закачување на потцевен фрлач на гранати. АК-103 користи стандарден куршум со калибар 7.62×39 мм.
Во план е индиската армија да го користи ова оружје во борбата против левите екстремистички групи-маоисти. Во долгорочна перспектива автоматските пушки од серијата „100“ треба да станат стандардно пешадиско вооружување на индиската војска.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче