Изградбата на надземната инфраструктура за првиот приватен космодром во Русија во Нижегородската област за суборбитално лансирање на туристички ракети би можела да чини околу 35 милиони евра, изјави за РИА „Новости“ генералниот директор на приватната компанија „КосмоКурс“ Павел Пушкин, пренесуваат руските медиуми.
Претходно беше соопштено дека Владата на Нижегородската област потпишала со компанијата „КосмоКурс“ договор за изградба на првиот приватен космодром во Русија. Ако се работи на проектот во координација со „Роскосмос“, инвеститорот планира да го реализира од 2020 до 2025 година.
Во проектот ќе бидат вложенио 2,6 милијарди рубли приватни инвестиции. Во моментов се бира земјиште за изградба на комплексот.
Се напоменува дека при полнењето на ракетата со гориво ќе се користат еколошки компоненти.
„Да, 35 милиони евра е приближниот износ на чинењето на изградбата на надземната инфраструктура“, рече Павел Пушкин.
Компанијата „КосмоКурс“ има лиценца од „Роскосмос“ за вселенска дејност. За лет на висина од 200 километри „КосмоКурс“ конструира повратна ракета и вселенски брод за седум патници. Се очекува првиот лет да биде изведен во 2025 година.
Летот, според планот, ќе трае 15 минути, од кои туристите 15 минути ќе се наоѓаат во бестежинска состојба. Билетот за ваков лет ќе чини 175-220 илјади евра.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче