„Роскосмос“ и Рогозин повикуваат вселенски туристи на лет по Гагариновата рута

Global Look Press

Руската државна корпорација „Роскосмос“ им понуди на потенцијалните вселенски туристи освен летови на Меѓународната вселенска станица и патување по „Гагариновата маршрута“ и за негова организација веќе почна разговори со заинтересираните партнери, изјави во интервју за порталот РБК раководителот на „Роскосмос“ Дмитриј Рогозин. 

„Летовите не мораат нужно да бидат поврзани со МВС. Да речеме, орбиталните летови кои би ја следеле рутата на Јуриј Гагарин се добар предлог за туристите. Ние веќе почнавме разговори со заинтересираните потенцијални партнери“, рече Рогозин.

Според него, по 2020 година „Роскосмос“ би можел да го зголеми производството на вселенски бродови „Сојуз“ кои би се користеле за туристички цели. Како што напомна тој, според предвидувањата на државната корпорација на чие чело е тој, вселенскиот туризам ќе носи стотици милиони долари приход годишно.

Минатиот месец Рогозин напиша на „Твитер“ дека Русија веќе во 2020 година би можела да доведе туристи на Меѓународната вселенска станица според таканаречената скратена шема и дека летот би траел само три часа.

Вселенскиот туризам беше застапен во Русија во периодот од 2001 до 2009 година, кога МВС ја посетија осум туристи. Туристичката програма потоа беше укината. Како што беше пишувано кон крајот на септември, ракетно-космичката корпорација „Енергија“ се подготвува да понуди туристички летови во орбитата на Месечината. Цената на билетот за рускиот вселенски брод „Сојуз“ ќе изнесува меѓу 120 и 150 милиони долари, пренесуваат руските медиуми.

Прочитајте повеќе: Ракетата „Сојуз-5“ ќе има комерцијална и верзија со екипаж

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња