Рогозин: „Роскосмос“ праќа двајца туристи на лет околу Земјата по патот на Гагарин

Pixabay

Руската државна корпорација „Роскосмос“ и американската компанија Space Adventures потпишаа договор за испраќање на вселенски туристи на Меѓународната вселенска станица кои до крајот на 2021 година во еден од бродовите ќе ја облетаат Земјината топла, напиша генералниот директор на „Роскосмос“ Дмитриј Рогозин на социјалната мрежа „Твитер“. 

Како што нагласи тој, руската државна корпорација ја стартува програмата по таканаречената кратка „Гагаринова“ патека, што ќе овозможи да се скрати времето потребно за подготовка на летот на вселенските туристи. Според Рогозин, првпат по десет години е потпишан договор меѓу две страни за лет на МВС на луѓе кои не се професионални космонаути и астронаути. 

Службата за односи со јавноста на „Роскосмос“ наведе дека договорот ќе овозможи дополнителна работа за Ракетно-космичката корпорација „Енергија“, Ракетно-космичкиот центар „Прогрес“, ЦЭНКИ и другите вселенски претпријатија. Тие веќе почнаа да работат над бродот со човечки екипаж „Сојуз МС“ и ракетата-носач „Сојуз-2“ наменети за летови на туристи во вселената. Сите трошоци за изработка на вселенската техника ги сносат вселенските туристи, чиј идентитет не се открива.

„Роскосмос“ и Space Adventure соработуваат во областа на вселенскиот туризам од 2001 година, кога во лет по Земјината орбита беше испратен првиот вселенски турист, американскиот милионер Денис Тито, кој во таа прилика пред сѐ се занимаваше со снимање и фотографирање. Врз основа на заедничката програма за вселенски туризам, во вселената престојуваа вкупно седум лица, од кои едно лице двапати. Последниот лет се случи 2009 година, а 2015 година британскиот сопран Сара Брајтман го откажа патувањето.

Славниот советски космонаут, 27-годишниот Јуриј Гагарин на бродот „Восток-1“, прв човек во вселената, ја облета Земјината топка на 12 април 1961 година. Летот околу Земјата на висина од 302 километри траеше 108 минути, по што Гагарин се катапултираше и со падобран се спушти во руралниот дел на Саратовската област. Инаку, цените за вселенскиот туристички пакет се многу високи, а уште на самиот почеток на ваквите летови стартуваа од 20 милиони долари.

Прочитајте повеќе: „Роскосмос“ и Рогозин повикуваат вселенски туристи на лет по Гагариновата рута

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња