Овој гигантски хеликоптер е гордоста на советската и руска индустрија за хеликоптери. Со својата должина од четириесет метри, Ми-26 е најголемиот хеликоптер на светот. До денес се направени 318.
Алексеј Куденко / Sputnik
Овој летечки мамут може да понесе до 20 тони товар, било во својата утроба, или закачен на сајли.
AP
Во внатрешноста на леталото удобно собира речиси 90 падобранци, или 60 ранети војници во лежечка положба. Меѓутоа, во некои случаи собирало и преку сто луѓе во Ми-26, чија товарна секција е со големина на терен за кошарка.
AFP
Ми-26 ја имаше својата премиера во Авганистан 1984 година. Хеликоптерот транспортираше борбена опрема, евакуираше ранети од боиштата и носеше оштетени хеликоптери Ми-8.
Виталиј Арутјунов / Sputnik
Во 2002 година легендарниот хеликоптер се појави уште еднаш на небото над Авганистан. Беше употребен за евакуација од планините на два оштетени хеликоптери MH-47E „Чинук“ и еден AS532 „Кугуар“.
Наведениот хеликоптер со леснотија носи лесни тенкови и оклопни средства на пешадијата, но не го користат само војските. Ми-26 се користи и во индустрискиот сектор за транспорт на материјал и помош при градежни работи, а се користи дури и за борба против пожари. Користен е и за спасување на луѓе во чернобилската катастрофа.
Сергеј Пивоваров / Sputnik
Во 2009 година еден Ми-26 транспортираше авион Ту-134 од аеродромот Пулково до вежбовниот полигон EMERCOM, нешто што жителите нa Санкт Петербург го набљудуваа со воодушевување.
AP
Наведеното летало, меѓутоа, не секогаш пренесува тежок товар. Еднаш овој хеликоптер беше повикан за спасување на младо на поларна мечка кое ја изгубило својата мајка некаде на Арктикот. Среќното мече беше спасено и пренесено во резерват.
AP
Сепак, титулата на „најнеобичен товар за Ми-26“ секако му припаѓа на замрзнат мамут од 20 тони.
За жал, за најголемиот хеликоптер на светот се поврзува и најсмртоносната хеликоптерска хаварија во историјата. Во 2002 година, во текот на Втората чеченска војна, чеченските милитанти соборија еден Ми-26, при што загина посада од 126 луѓе.
AP