Руската армија се вооружува со ПВО-ракетните системи со голем дострел С-500 „Прометеј“

Слободан Ѓукиќ

Во руската армија во скоро време ќе бидат примени првите елементи на новиот противвоздушен ракетен систем со голем дострел С-500 „Прометеј“. Оваа година се планира завршување на обуката на правата група офицери кои ќе го опслужуваат овој систем, пренесува интернет-порталот „Експерт онлајн“.

„Напоменувам дека до крајот на 2019 година ќе биде реализирана промоцијата на првите офицери кои ќе дипломираат на академијата која работи по специјална програма за обука за работа на системите С-500, кои сѐ уште не се наоѓаат во војската, но кои ги очекуваме во блиска иднина“, рече за новинската агенција ТАСС началникот на академијата на воздушно-космичката одбрана генерал-полковник Владимир Лјапоров.

Програмата за обука на екипажи на системите С-500 во моментов се реализира во специјалниот школски центар на противвоздухопловната одбрана во Гатчина (Ленинградска област).

Неодамна министерот за одбрана на Руската Федерација Сергеј Шојгу рече дека испораките на системите С-500 за војската ќе почнат 2020 година.

Прочитајте повеќе за С-500 - ракетен систем кој ги соборува сите цели

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња