Според неименуван извор во воено-индустрискиот комплекс, завршен е идејниот проект за новиот перспективен атомски разурнувач од класата 23650 „Лидер“. Во тек е подготовка за научно-истражувачката фаза на работите која вклучува и детално техничко проектирање на бродот, пренесува интернет-порталот „Взгљад“.
„Лидер“ ќе може да носи на својата палуба повеќе од 100 високопрецизни ракети „Циркон“, „Калибар“ или „Оникс“, рече изворот од воената индустрија. Вкупната должина на овој брод ќе изнесува 230 метри, а неговиот вкупен депласман ќе достигнува 20000 тони.
Тој исто така забележа дека првите два ракетни разурнувачи „Лидер“ (главниот брод и првиот сериски) се очекуваат во вода до крајот на 2029 година. Гледајќи ги моменталните способности на руските бродоградежни капацитети, за целосна изградба на еден брод од класата „Лидер“ се потребни седум години.
„Според актуелната државна програма за опремување на руската војска за периодот 2018-2027 година, опитно-конструкторските работи кои претходат на изградбата на новиот разурнувач треба да бидат готови до крајот на 2021 година. Од 2022 година би почнале работите на нивна изградба“, пренесе извор од бродоградежниот сектор.
„Цената на изградба на еден ваков брод според различни процени ќе го чини рускиот буџет околу 100 милијарди рубли (1,34 милијарди евра)“, велат од воено-индустрискиот комплекс.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче