Извор: Владимир Шчербаков
Министерството за одбрана на Русија ја одобри тактичко-техничката мисија за проектирање на разурнувач од следна генерација, чија програма за создавање е позната под шифрата „Лидер“. Ова на 21 октомври го соопшти агенцијата ТАСС повикувајќи се на високопоставен извор во домашниот ОИК.
Работата на рускиот „господар на морињата“ му е доделана на Северното проектно-конструкторско биро – креаторот на практично сите големи бојни бродови на нашата флота. Планирано е да се пристапи кон проектирањето на „Лидер“ во 2015 година, но изградбата на главниот во серијата од 12 бродови - по 6 за Северната и Тихоокеанската флота – се очекува не порано од 2023-25 година. Иако пред 5 години командата на флотата тврдеше дека изградбата на разурнувачот ќе почне во 2012 година, а пред две години претставниците на Обединетата бродоградна корпорација ја споменуваа 2016 година.
Притоа особено ќе подвлечеме – програмата за „Лидер“, како што се тврди, не е внесена во државната програма за вооружување-2020 и издвојување на средства за изградба на разурнувачи може да биде реализирано само во рамките на бродоградната програма која е планирана до 2050 година.
Црноморската флота добива уште една подморница Ултраневидливата дизел-електрична подводница може да уништи цел и притоа да остане невидлива за противникот. |
„Одлуката за префрлување на изградбата на разурнувачи од типот „Лидер“ за 2023-25 година е апсолутно оправдана, коментира за „Руска реч на македонски“ независниот воено-поморски експерт Александар Мозговој. – Како прво, руската бродоградна индустрија во денешно време едноставно не може да ја реализира изградбата на таквите бродови. Како второ, за реализација на програмата потребни се огромни пари кои сега со голем бенефит можат да се насочат на други цели. Како трето, редица системи за вооружување наменети за „Лидерите“, сè уште едноставно ги нема. Тие постојат само на хартија.“
Долгите раце и острите канџи на „господарот на морињата“
Се претпоставува дека главно ударно средство на „Лидер“ ќе стане интегрираниот ракетен систем „Калибар“ кој се извезува под името „Клаб“ и кој вклучува во својот состав како противбродски, така и крстосувачки ракети 3М-14 наменети за уништување на голема оддалеченост на важни цели длабоко на територијата на противникот и кои треба да станат „долгата рака“ на разурнувачот. Покрај тоа, „Калибар“ вклучува и противподморнички ракети, кои овозможуваат со висока ефикасност уништување на различни подморници на противникот, вклучувајќи ги и тивките неатомски.
Втора „долга рака“ на разурнувачот може да стане ударниот систем „Оникс“ со суперсонична крстосувачка ракета. При што и „Калибар“, и „Оникс“ можат да се лансираат од исто лансирно место . Во ова е најважната карактеристика која им дава на руските бојни бродови целосна потполна универзалност и реален мултитаскинг.
Русија ја засилува „нуклеарната тријада“ Руската атомска подморница „Владимир Мономах“ заплива во Белото море и изврши лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета „Булава“. |
Одбраната од напади од воздух треба да биде обезбедена од бродската верзија на уникатниот противавионски ракетен систем С-500 „Прометеј“ кој ќе биде способен да уништува цели дури и во блиската вселена. Бродот исто така ќе добие орудија за ПВО и ПРО со среден домет и за одбрана одблиску.
Исто така, на „Лидер“ ќе биде поставено артилериско и минско-торпедно вооружување, средства за борба со диверзанти, хеликоптери и беспилотни летала, како и современи радари и сонари кои ќе му овозможат на екипажот на разурнувачот откривање на секакви, дури и мали и одвај забележливи воздушни, водни и подводни цели на оддалеченост од десетици, па дури и стотици километри.
Впрочем, составот на вооружување на „Лидер“ засега не е познат. Згора на тоа, постојат системи на оружје кои сè уште се наоѓаат во фаза на разработка и ќе можат да станат дел од вооружувањето на флотата дури по неколку години. На пример, пролетта 2011 година тогашниот први заменик-министер за одбрана Владимир Поповкин зборуваше за работата над создавањето на хиперзвучен бродски ракетен систем „Циркон-С“.
Атом или гас
Најспорен момент во програмата „Лидер“ е прашањето за избор на главниот погон на движење на разурнувачот. Така, согласно објавените информации, Министерството за одбрана нарачало разработка на проекти со две опции за главниот погон – со гасни турбини и атомски.
„Во етапата на истражување и развој министерството конечно ќе се определи за она што повеќе му одговара – атомски или обичен разурнувач, или пак му се потребни и едниот и другиот. Последнава опција е исто така потполно можна,“ – изјави за ТАСС високопоставен извор во ОИК.
При тековното ниво на развој на домашното бродоградежништво, сложената финансиско-економска ситуација и поморските сили на руската ВМФ кои бараат сеопфатна и итна обнова, раководството на Министерството за одбрана помислува и на тоа дека – дури и хипотетички – можат да си дозволат изградба на разурнувачи со два типа погони на движење? Па уште и во минијатурни партии – по шест бродови на атомски погон и шест бродови со погон на гасни турбини? За вакво нешто денес не може да сонува дури ни „најбогатата“ флота на светот – американската!
„Обновувањето на постојаното присуство на флотата во светските води не треба да направи дупка во рускиот буџет“, изјави за „Руска реч на македонски“ одговорниот уредник на „Независниот воен преглед“ Олег Владикин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче