Робокап станува стварност: Руска машина со вештачка интелигенција

Робот „Соратник”

Робот „Соратник”

Press Photo
Подготвен ли е светот да му довери на робот да дејствува самостојно во битка? Ако некогаш сте го гледале „Робокап“, знаете што се случи кога роботот ED-209 ги зеде работите во свои раце - да се надеваме дека ова сценарио ќе остане фантастика.

Концернот „Калашников“, најголемиот производител на оружје во Русија, создаде робот од седум тони наречен „Соратник“, наменет да помогне во битката со терористите во земјата и во странство. Тој има гасеници за да се движи слободно по нерамен терен и дебел браник за да ги издржи артилериските напади и гранати.

Со изглед на мал беспилотен тенк „Соратник“ може да биде опремен со широк спектар оружје од митралез со калибар од 7.62 милиметри до топ од 12.7 милиметри. Инженерите планираат да ја снабдат машината и со 30-милиметарски воздухопловни топови и противвоздушни ракети.

Вештачка интелигенција

Овој робот може да соработува со беспилотни летала кои летаат над боиштата и со операторите, роботот се контролира од безбедноста на бункер или заштитена зона.

Неговиот софтвер користи вештачка интелигенција, па „Соратник“ работи во три различни режими. Првиот е со оператор, кој е во состојба да го контролира металниот ѕвер на растојание до 10 километри.

Вториот е полуавтоматски режим, но информациите за него се строго доверливи. Воениот аналитичар на „Известија“ Алексеј Рам за „Руска реч на македонски“ вели дека роботот ќе наоѓа и ќе гони цели самостојно и ќе разликува пријател од непријател. Освен тоа роботот ќе обезбедува информации за целите. Врз основа на овие податоци администраторот ќе му кажува на роботот дали да нападне или не.

Третиот режим е целосно автоматски. Тој ќе ја врши работата самостојно во стилот на „Терминатор“. „Ова е најинтересно и најинтригантно нешто, бидејќи воените службеници и експерти ширум светот не се подготвени да остават машина да донесува одлука самостојно. Освен фактот дека давањето целосна слобода на роботи на бојното поле бара огромна законодавна работа, сè уште не е јасно како ќе ги разликуваат борците на цивилите“, додава Рам. Тој верува дека ќе бидат потребни години пред ваквата вештачка интелигенција да биде видена во битка.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња