Рускиот концерн „Калашников“ објави на својот „Јутјуб“ канал видеоснимка од тестирањето на автоматот „Витез“.
Стручњаците демонстрираа примена на оружјето во затворена просторија според различни сценарија. Концернот покажа како работат автоматот „Витез“ и пиштолот „Јаригин“.
Автомат „Витез“ е развиен за Министерството за внатрешни работи на РФ 2004 година врз база на АКС-74У. Оружјето го доби името по истоимената единица за специјални намени на Внатрешната војска која прва го набави.
Автоматот „Витез“ се користи за уништување на жива сила, дури и кога е заштитена со панцирни елеци или кога се наоѓа во стандардни моторни возила кои не се блиндирани. Интересно е дека „Витез“ претставува разработка на автоматот ПП-19 „Бизон“, кој 1993 година го осмислија синовите на двајца големи оружари, Михаил Калашников и Евгениј Драгунов.
Сериското производство на полуавтоматскиот пиштол „Јаригин“ почна 2012 година. Пиштолот, како и „Витез“, користи муниција „Парабелум“, а се наоѓа во вооружувањето на руската војска, МВР и Федералната служба на судските извршители.
На почетокот на март „Калашников“ најави почеток на сериското производство на новиот пиштол „Лебедев“. Концернот по тој повод планира да употреби нова опрема која треба да го намали влијанието на човечкиот фактор врз квалитетот на оружјето.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче