„Наскоро ќе ја завршиме комплетната испорака на ракетите, која не е реализирана на време поради неочекувана хаварија. Имено, транспортниот брод кој ги превезуваше ракетите за кинеските „Триумфи“ влета во бура, а неговата посада беше принудена неповратно да го онеспособи товарот“, рече првиот човек на „Ростех“ Сергеј Чемезов, пренесува интернет-порталот „Комерсант“.
Кинезите изведоа боево тестирање на овој систем и тоа со неговата најпотентна ракета 48Н6-Е. Според кинески извори, боевото гаѓање поминало во најдобар ред, при што купениот систем ги демонстрирал високите квалитети кои ги гарантираше производителот.
Кинескиот противвоздушен дивизион опремен со системи С-400 „Триумф“ успешно тестираше ракета со голем дострел 48Н6-Е. Во услови на интензивни електронски пречки, ракетата погоди балистичка цел која се движеше со брзина од 3000 м/сек. на далечина од 250 км.
Инаку, Народна Република Кина е првиот странски руски воен партнер кој го купи овие системи. Договорот за набавка на два полковски комплети ракетни системи С-400 беше потпишан во април 2015 година. Практичната реализација на договорот почна две години подоцна.
Системот за противвоздушна одбрана со голем дострел С-400 „Триумф“ е наменет за борба против широк спектар воздушни цели на далечини и до 400 км, при што тие летаат во широк висински распон. Со додавање на напредни модули овој систем ќе може да се бори против цели на далечина и до 600 км.