Борбените хеликоптери Ка-52 „Алигатор“ ќе бидат модернизирани врз основа на борбените искуства во Сирија. Конкретно, ќе се унапреди ефикасноста на генераторот и оптоелектронскиот блок опрема. Ова за руските новинари го соопшти генералниот директор на холдингот „Хеликоптери на Русија“ Андреј Богински, пренесува интернет-порталот ТАСС.
„Пакетот модернизација е формиран врз основа на резултатите во Сирија. Ние веќе работиме на замена на генераторот, кој ќе обезбедува поголема количина енергија. Комплексната модернизација на хеликоптерите Ка-52 и Ми-28 ќе вклучува и унапредување на оптоелектронскиот систем, посебно на планот на поефикасно откривање и распознавање на цели“, рече првиот човек на холдингот.
Според него, во холдингот „Хеликоптери на Русија“ е веќе утврден планот за модернизација на леталата Ка-52 и Ми-28 кој се реализира по барање на Министерството за одбрана на РФ.
Ка-52 „Алигатор“е борбено-извидувачки хеликоптер кој е наменет за борба против тенкови, оклопна и друга борбена техника, непријателска жива сила, хеликоптери и останати воздушни објекти, на предниот крај на одбраната и тактичката длабочина на фронтот, во сите временски и климатски услови. Опремен е со современа авионика која е во спој со респектабилно вооружување. Го движи силен мотор са коаксијална елиса што на „Алигаторот“ му обезбедува одлични маневарски карактеристики кои вклучуваат изведување сложени летечки фигури. Покрај тоа, Ка-52 е опремен и со систем за радиоелектронска заштита, апаратура за намалување на топлотната рефлективност, како и со средства за активна заштита од лесни преносни системи за ПВО.