Ка-52 „Алигатор“
Виталиј Тимкив/SputnikУдарниот хеликоптер офарбан во пустински бои беше демонстриран на отворениот дел на манифестацијата EDEХ-2018, каде привлече голем интерес како кај специјалистите, така и кај обичните посетители.
K-52 Nile Crocodile Attack Helicopter At EDEX-2018 Exhibtion pic.twitter.com/bke6uf7oPO
— Mahmoud Gamal (@mahmouedgamal44) 3 December 2018
К-52 во египетската верзија е опремен со нова оптоелектронска сензорика. Со помош на оваа опрема екипажот на хеликоптерот доби напредни можности без оглед на добата на денот (ден/ноќ) да открива и се бори против различни цели кои се наоѓаат на копно, но и на море и во воздух. За вакви задачи е предвидена интеграција на ново високопрецизно ракетно вооружување.
Во арсеналот на рускиот „летечки тенк“ исто така влегуваат и ненаведувани ракетни зрна и фугасни авиобомби, како и автоматски топ со калибар 30 мм.
Хеликоптерот може да развие брзина поголема од 300 км/час. Неговата горна граница на летање е 5500 м. Долетот со полн резервоар гориво е 1100 км.
Во рамките на подготовките за воениот саем EDEX 2018 странските конкуренти се обидоа да организираат информативна операција со цел дискредитација на руското вооружување и воена опрема. Изнесуваа лаги за технички проблеми кај хеликоптерот Ка-52 кои се јавуваат при негова употреба во пустински услови и при висока температура. Меѓутоа, љубезните домаќини ги демантираа сите овие информации нарекувајќи ги бесмислени инсинуации, бидејќи хеликоптерите добија специјална модификација за дејства во услови какви што се карактеристични за Египет.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче