Екипажите на системите С-400 изведоа вежба за распоредување на лансерите на Крим, соопшти началникот на Одделението за информациона поддршка на Црноморската флота капетан втора класа Алексеј Руљов.
Во текот на вежбите лансирните возила изведоа марш до зборното место. Опремата е префрлена од маршевски во борбен поредок, по што се изведени потребните пресметувања, дејствија за топографска ориентација и позиционирање на системите.
„За да се провери прецизноста на топографската локација, во пресметковните дејствија е изведено лансирање и зафаќање на контролната цел, во чија улога беше специјален беспилотен апарат“, објасни Руљов.
Понатамошниот тек на обуката ќе опфаќа електронски лансирања на ракетите против хипотетички воздушни мети.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче