Успешно лансирање на интерконтинентална балистичка ракета РС-24 „Јарс“ е изведено од космодромот Плесецк кој се наоѓа во Архангелската област. Ракета погоди вежбовна цел која се наоѓаше илјадници километри далеку, на воениот полигон Кура на полуостровот Камчатка. Ова во средата го објави информативната служба на Министерството за одбрана на РФ, пренесува рускиот интернет-портал ТАСС.
„Во средата, 6 февруари, во 11.31 ч. по московско време, од космодромот Плесецк е реализирано завршување на обуката на ракеташите со боево лансирање на интерконтинентална балистичка ракета на цврсто гориво „Јарс“ со мобилно базирање, која е способна да носи блок со повеќе независно насочени нуклеарни боеви глави. Вежбовната ракета успешно ја погоди зададената цел која се наоѓаше на полигонот Кура (Камчатка). Сите задачи се реализирани успешно и во целосен обем“, велат од Министерството за одбрана на РФ.
„Основната цел на оваа вежба беше проверка на тактичко-техничките и летечките карактеристики на перспективниот ракетен комплекс“, напомнуваат од воениот ресор.
Ракетниот систем РС-24 „Јарс“ претставува стратешко оружје кое е вооружено со интерконтинентална балистичка ракета на цврсто гориво, која носи блок со повеќе независно насочени нуклеарни боеви глави. Оваа ракета се наоѓа на подвижна платформа на тркала, од каде обично и се лансира, а може и да се употреби и од подземни силоси. Целиот комплекс е развиен во Московскиот институт за топлотна техника под раководство на академикот на РАН Јуриј Соломонов. Претставува длабока модификација на ракетниот комплекс „Топол-М“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче