Тоа е „ракетен Мерцедес“: Се појавија првите впечатоци за новиот КамАЗ-7850 кој ќе носи „Јарс“

Камаз-7850

Камаз-7850

Youtube
Масовното производство на овие силни и истовремено екстремно подвижни тегначи на повеќе тркала нема да почне пред 2023 година. По воведувањето во вооружувањето ќе почне постепена замена на белоруските МЗКТ со новиот руски тегнач КамАЗ-7850.

„Ние можеме веднаш да почнеме со масовно производство на нашите тегначи доколку се створат неопходните производствени капацитети и се обезбедат финансиски средства“, изјави за руската новинска агенција ТАСС советникот на генералниот директор на компанијата ПАО „Камаз“ и раководител на проектот „Платформа-О“ Владислав Полонски.

„Во овој момент претпријатието „Ремдизел“ ја испитува производствената линија која би можела да комплетира најмногу до 10 вакви возила на годишно ниво“, истакна тој.

Руската армија во моментов користи транспортни возила на повеќе тркала од белоруско потекло. На нив се монтирани повеќе од 60  различни типови вооружување како што се повеќецевниот ракетен лансер со калибар 300 мм „Смерч“, ракетните системи од класата „земја-земја“ и „земја-вода“ „Искандер“, „Бал“, „Бастион“, потоа системите за противвоздушна одбрана С-300 и С-400. Во единиците на Ракетните сили за стратешка намена практично комплетната техника ги користи платформите на повеќе тркала врз база на МЗКТ.

По стартот на сериското производство на тегначот на повеќе тркала „Платформа-О“ полека ќе почне трансферот на овие вооружени системи на шасијата од домашно производство која ќе трае најмалку цела една деценија.

Потсетуваме дека на воено-техничкиот саем „Армија-2018“ првпат беше презентиран домашниот тегнач на повеќе тркала КамАЗ-7850 кој е специјално проектиран да носи балистички ракети (се претпоставува дека ќе биде користен за ракетни системи вооружени со интерконтинентални балистички ракети „Топол-М“ и „Јарс“).Иако на прв поглед е габаритна, оваа машина ја вчудовиди присутната публика кога е во прашање нејзината подвижност и способност за маневрирање. На присутните посебен впечаток им остави лесното и брзо движење на возилото, како и начинот на кој тегначот се свртуваше и ги совладуваше пречките. Првпат за тегнач од овој вид е  употребен специјален дизел-електричен погон. Покрај тоа, отсуството на квачило, менувач, преносник, погонски вратила и диференцијали на шасијата овозможи значително намалување на вкупната маса на возилото.

 „Во производствениот погон на компанијата „Ремдизел“ пристигнаа инструктори од Центарот за обука на припадници на Ракетните сили за стратешка намена, каде се обучуваат идните возачи за управување со ракетните тегначи на повеќе тркала. Интересна беше нивната прва реакција откако ги повозеа новите возила кои ги опишаа како „возење на Мерцедес“, напомена Полонски, пренесува новинската агенција РГ.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња