Интерконтинентална балистичка ракета PC-24 „Јарс“
Виталиј В. КузминИнтерконтиненталната балистичка ракета PC-24 „Јарс“ го чини стожерот на стратешките ракетни сили на руската армија. Претставува модификација на ракетниот систем „Топол-М“. На оперативно борбено дежурство се наоѓа од 2009 година. Се произведува во 2 верзии, со стационарно базирање во специјални силоси, и во мобилна верзија која се наоѓа на платформата на тркала МЗКТ-79221. Максималниот дострел на оваа ракета е 12000 километри и може да носи 3-6 боеви блокови во кои се наоѓаат независно насочени боеви со сила од 300-600 кт. Ракетата се наведува по инерцијален пат“.
Претпоставката е дека руските стратешки сили на располагање имаат вкупно 110 вакви ракети (20 стационарни и 90 мобилни). Овие ракети се подготвени да реагираат веднаш на евентуален напад врз Руската Федерација и да нанесат фатални удари врз условниот противник.
Потсетник
На 12 септември 2017 година ракетните сили за стратешка намена изведоа лансирање на ИБР РС-24 „Јарс“ со стационарно базирање од космодромот Плесецк. Недела дена подоцна од истото место беше изведено лансирање на ИБР PC-24 „Јарс“, овој пат од мобилна платформа. Ракетите беа опремени со перспективен тип на боеви глави. Тие успешно ги погодија целите кои се наоѓаа на крајниот исток на Руската Федерација - Камчатка.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче