Кинеските воени експерти импресионирани од рускиот пакет опрема за војникот на иднината

ТВ „Ѕвезда“

Перспективната руска борбена униформа која неодамна беше претставена на саемот за оружје силно ги заинтересира Кинезите. Според кинеските воени експерти, Русите направиле високотехнолошки комбинезон кој неодоливо потсетува на опремата на главниот јунак од филмот „Железниот човек“. И навистина, покрај футуристичкиот дизајн оваа опрема ќе му овозможи на војникот значително зголемување на неговите функционални капацитети но и проширување на реалноста во спознавањето на самото боиште.

Процената на квалитетот на најновата борбена опрема на рускиот војник на иднината ја дадоа кинески воени експерти од нивни угледни воено-стручни списанија. Така, нивниот познат воен експерт Сја Хао посебно внимание му посвети на напредниот блок средства за врска, кој ќе биде составен дел на новиот руски систем наменет за војникот на иднината. Со негова помош војникот ќе има способност во реално време да ги разменува сите релевантни податоци со матичниот команден центар, како и со своите соборци и единиците кои во содејство ја изведуваат борбената операција. Рускиот војник на иднината ќе има способност да дејствува, а воопшто да не се изложува на непријателски оган.

Системот автоматски ги пресметува растојанието до целта, брзината на ветрот, степенот на влажност и ја пресметува најдобрата траекторија на истрелот. Згора на тоа, целокупниот овој систем ќе овозможи ефикасно неутрализирање на живата сила на непријателот и неговата техника која се наоѓа надвор од видокругот на борецот, која се наоѓа дури и зад природни или вештачки пречки, како што се, на пример, ѕидовите.

Авторот посебно го импресионирале аспектите на балистичката и сета друга заштита на војникот кој ќе ја носи оваа униформа. Композитните материјали со кои ќе биде преслечен основниот комбинезон ефикасно ќе го заштитат борецот од стрелечко оружје, а ќе има и својства на напредно маскирање кое ќе му овозможи да биде многу потешко забележлив за непријателот. Потпорниот мултифунцкионален егзоскелет кој се развива за рускиот војник на иднината ќе му подари и натчовечки параметри кога се во прашање моторичките способности, како што се силата и издржливоста. Исто така, со интеграција на херметички затворената маска која ќе се наоѓа во борбениот шлем, рускиот војник на иднината ќе биде во целост заштитен од сите хемиски средства кои можат да се појават на фронтот.

Сензориката која ќе биде вградена во овој систем ќе го исчитува здравствениот статус на својот корисник и сите податоци во реално време ќе ги проследува до мобилните преносни комуникациски системи на командирите на воените единици. Исто така, таа ќе има функција и да му пружи прва помош на војникот при контузија, моментално губење на свеста и сл., а кои често се случуваат на фронтот. Во борбениот систем исто така влегува современ транспортен ранец, опрема за филтрирање на водата и медицинска апаратура.

Основниот недостаток на овој систем е недоволно ефикасното решение за обезбедување на неопходната енергија за тој да може да функционира во подолг временски интервал. Тоа пред сѐ се однесува на интеграцијата на адекватна батерија/акумулатор која по своите габарити не би смеела да ги ограничи функционалните способности на војникот, ниту да го доведе во животна опасност при нејзина хаварија/експлозија. Додека не се реши тоа, ефективната функција на овој систем е временски лимитирана. Меѓутоа, руските научници во моментов работат на отстранување на овој витално важен проблем кој судејќи според сѐ наскоро ќе биде надминат со развојот на нова генерација електрохемиски уреди за електрично напојување.

Прочитајте повеќе: Егзоскелет, „тесен“ оклоп и шлем: Како ќе изгледа опремата на војникот од новата доба?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња