Авионите поминаа во воздух повеќе од 15 часа. Познато е дека летот е извршен во стандарден режим, а екипажите на ракетоносците успешно ги извршија сите поставени задачи, вклучувајќи и дополна на гориво во воздух, пренесува интернет-порталот РИА „Новости“.
Како што изјави командантот на стратешката авијација, која се наоѓа во рамките на Воздушно-космичките сили (ВКС), генерал-полковник Сергеј Кабиљаш, вежбовната мисија во целост ја потврдила целосната оспособеност на руската техника во сите метео-услови. Кадри од прелетот преку северните руски мориња се забележани и со видеокамера.
Од Министерството за одбрана на Русија нагласуваат дека сите вежбовни операции на руските ВКС се реализирани во согласност со Меѓународните правила за употреба на воздушниот простор.
Ту-160 спаѓа во најголемите летала во историјата на воената авијација. Се работи за суперсоничен бомбардер, који има променлива геометрија на крилата. Според својата тежина спаѓа во најтешките авиони на светот. Неговата максимална полетна маса достигнува 275 тони, додека капацитет на неговите спремници во внатрешноста на трупот на авионот достигнува дури 45 тони убоен товар. Колку за споредба, американските стратешки бомбардери во својот труп можат да понесат меѓу 22,7 тони (B-52) – 34,0 тони (B-1B). B-2 „Spirit“ има капацитет на внатрешните спремници до 27 тони убоен товар. И покрај тоа, Ту-160 може да достигне максимална брзина од 2230 км/ч и да се искачи на висина од 21000 метри.