Информативната служба на компанијата ја нарече оваа година „година на Африка“. Притоа не се соопштени конкретните проекти кои ги чекаат руските производители на сѐ поинтересниот африкански пазар.
Од 22-24 јануари компанијата „Рособоронекспорт“ ќе земе учество на меѓународниот саем за безбедност и одбрана „Shield Africa-2019“, кој се одржува во Брегот на Слоновата Коска. Компанијата има во план на оваа манифестација да прикаже мошне широка програма која ја нуди рускиот воено-индустриски комплекс. Тука ќе биде претставен широк спектар вооружување и воена техника, која е пред сѐ наменета за противтерористички операции и полициски задачи, пренесува интернет порталот РИА „Новости“.
Во „Рособоронекспорт“ проценуваат дека африканските партнери се посебно заинтересирани за оклопните транспортери на тркала БТР-80А и БТР-82А, борбените возила на пешадијата, фамилијата оклопни автомобили „Тигар“, како и за ударните хеликоптери Ми-35М и воено-транспортните хеликоптери Ми-17.
За работата за обезбедување на државни граници и објекти од голема важност, Русија може да претстави комплетна гама производи за надзор и контрола, вклучувајќи и беспилотни летала и радарски станици.
„Ние одлично ги разбираме потребите на нашите африкански партнери и пријатели и високо ја цениме нивната решеност да ја претворат Африка во безбедно место за живот. Уверен сум дека нашата продукција, која имаше своја проверка во реални борбени ситуации, 100% може да одговори на сите нивни барања“, ги пренесува информативната служба на компанијата зборовите на генералниот директор на „Рособоронекспорт“ Александар Михеев.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче