Вооружените сили на Венецуела вооружени со АП АК-103
YouTube„Заклучно со денешниов ден вкупниот обем на извоз на стрелечко оружје кое го произведува концернот „Калашников“ е поголем отколку што беше пред воведувањето на санкциите спрема нашите извозни компании“, истакнува генералниот директор на „Ростех“ Сергеј Чемезов, пренесува „Взгљад“. „Благодарение на активната промоција на нашите производи во земјите на Латинска Америка, Источна Азија и Блискиот Исток, ние не чувствуваме никакви проблеми во однос на тоа прашање“. (со други зборови, санкциите на САД се потполно неефикасни за извозниците на руското стрелечко оружје – заб. на авторот).
Колку за пример тој спомена дека Русија повеќе не е присутна на американскиот и европски пазар првенствено поради санкциите од САД спрема рускиот извозник „Рособоронекспорт“. Меѓутоа, тој пазар за руските производители во суштина беше безначаен.
„Таму бевме присутни кога е во прашање спортското вооружување кое го произведува концернот „Калашников“. И покрај солидниот пласман, капацитетите на тој пазар се неспоредливо помали во однос на потребата од нашите производи на другите меридијани на светот, особено кога се во прашање земјите на Латинска Америка и Азија. Основната причина за неучество на тој пазар се санкциите кои САД ги воведоа спрема „Рособоронекспорт“, истакнува Чемезов.
Тој прецизираше дека „Ростех“ нема никакви економски загуби затоа што се воведени санкции спрема „Рособоронекспорту“. Згора на тоа, оваа компанија и понатаму се развива со крупни чекори.
„Сите конкретни показатели на нашето работење кои се дефинирани со нашиот генерален план се исполнети. Значи, ние не гледаме никакви проблеми по повод тие санкции, ниту пак имаме какви било загуби“, категоричен е Чемезов.
Во април оваа година концернот „Калашников“ изрази желба да го купи контролниот пакет акции на групата компании КМЗ кои се занимаваат со производство и ремонт на дизел-мотори и гаснотурбински агрегати, што ќе доведе до замена на увозот на овие многу важни производи кои досега беа набавувани во Украина.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче