Русија победи на индиски тендер за набавка на ПВО

Михаил Воскресенски/Sputnik

Русија победи на индискиот тендер за набавка на системи за противвоздушна одбрана со краток дострел во вредност од 1,5 милијарди долари, изјави за РИА „Новости“ извор од воено-техничкиот сектор.

„Да, нашата „Игла“ (рачен ракетен систем за ПВО) победи“, заклучи соговорникот на медиумите.

ТВ-каналот NDTV, цитирајќи извори од војската, соопшти дека „Рособоронекспорт“ понудил најповолни услови за снабдување со противвоздушни ракетни системи со краток дострел. На тендерот учествуваа и европските компании SAAB и MBDA.

Русија и Индија се најголеми партнери на полето на воено-техничката соработка: преку 70 отсто од вооружувањето и воената опрема на индиската војска, военото воздухопловство и воената морнарица е од руско и советско потекло. Секоја година Русија ја снабдува Индија со опрема и вооружување вредни неколку милијарди долари.

Во октомври „Рособоронекспорт“ склучи договор со Индија за испорака на ракетни ПВО-системи С-400 и тоа во вредност од преку 5 милијарди долари. Овој договор беше најголемиот во историјата на наведената руска компанија.

Прочитајте повеќе: Договорот за испорака на руските С-400 на Индија склучен во рубли

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња