Руски научници предлагаат развој на вселенска ракета на парен погон

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Руски научници предложија користење на парен погон за новото вселенско летало. Ова се наведува во извештајот кој ќе биде претставен на конференција во Москва.

Меѓу авторите на извештајот се експертите на Институтот за астрономија на Руската академија на науки, производителот на сателити и интерпланетарни станици научно-производствениот концерн „Лавочкин“ и Санкт-петербуршкиот политехнички универзитет „Петар Велики“, соопштуваат руските медиуми.

Првичните процени покажуваат дека ракетниот мотор на парен погон би бил адекватен за создавање на потисок, се наведува во документот.

„Би се одредила температурата на пареата во која структуралните елементи на комората и издувниците на моторот би биле во состојба да функционираат без влошување на своите карактеристики, барем неколку години“, прецизираат научниците.

Во иднина таквите сателити би можеле да бидат неопходни при истражувањата на поблиската вселена. Можат да се користат за фаќање на мини комети кои речиси во целост се составени од мраз. Овие вселенски тела би можеле да се транспортираат на Месечината или Марс и да се користат таму. Тоа, според авторите на концептот, би било попрофитабилно од испраќањето ресурси од Земјата.

Исто така, се предлага вклучување на соларен концентратор, односно батерија, во структурата на уредот. Би се користел како за загревање на пареата, така и за генерирање електрицитет со користењето соларни панели, истакнуваат авторите на извештајот.

На 11 јануари беше објавено дека научниците на државната корпорација „Роскосмос“ и ракетно-космичката корпорација „Енергија“ почнале работи на развој на нов транспортен систем за летови со човечки екипаж до лунарната орбита. Концептот опфаќа лансирање на вселенско летало на Месечината и тоа од модули на Меѓународната вселенска станица, а не од Земјата.

Прочитајте повеќе: „Роскосмос“ се подготвува за нови хоризонти: Стигнува супертешка ракета