Турција: Не се откажуваме од С-400 „Триумф“ и покрај понудата на САД

Wikipedia
Анкара може да го разгледа предлогот на Вашингтон за купување противвоздушни ракетни системи со голем дострел „Патриот“, но откажување од набавката на рускиот ПВО-систем ПВО С-400 „Триумф“ е неприфатлива опција.

„Турција би можела да купи американски ракетни системи „Патриот“ доколку условите бидат поволни, но нема да биде можно да се постигне договор доколку Вашингтон инсистира Анкара да не ги купува руските системи С-400“, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, пренесува РИА „Новости“. 

Тој во интервју за турската телевизија NTV рече дека Турција нема да прифати поставување на услови од САД во врска со договорот за купување на руските системи за противвоздушна одбрана.

Неодамна беше соопштено дека Турција ја одбила последната понуда на САД во која е побарано оваа земја да се откаже од набавката на рускиот систем С-400 и да го набави америкнскиот пандан. Меѓутоа, притоа Американците одбиле да ја намалат цената за овој систем, како и да дозволат пристап до технологијата.

И покрај тоа Анкара допуштила можност покрај С-400 да се набави и американскиот систем за ПВО.

Американската администрација даде зелено светло за продажба на ракетни ПВО-системи „Патриот“ на Турција во вредност од 3,5 милијарди американски долари. Добиена е дозвола за продажба на 80 ракети „Патриот“ MIM-104Е, 60 ракети PAC-3 и придружна опрема. Турција исто така побарала да купи четири радарски станици AN/MPKu-65, 10 AMG антени, 20 автономни лансери М903 и четири контролни станици за пресретнување.

Рускиот противвоздушен систем С-400 „Триумф“ е наменет за борба против сите современи и перспективни средства на воздушно-космичкото оружје. Неговиот максимален хоризонтален дострел е околу 400 км (ракета 40Н6Е), додека по висина дејствува и до 35 км. Претпоставка е дека во Сирија се наоѓа цел ракетен полк на зенитно-ракетниот система С-400 „Триумф“, кој се состои од најмалку 2 дивизиона. Во рамките на еден дивизион најчесто се наоѓаат 2-3 батерии на овој систем со вкупно 8-12 транспортно-лансирни единици. Значи, еден дивизион во својот состав 48 ракети подготвени за моментално дејство. Цел ракетен полк хипотетички може да нападне 96 воздушни цели на непријателот во оперативен борбен радиус до 400 км.

Прочитајте повеќе: Турција соопшти кога ќе ги распореди руските противвоздушни системи С-400

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња