Стручњаците од рускиот Научно-истражувачки технолошки универзитет МИСиС пронајдоа универзална метода за лекување на сите видови рак со помош на фотодинамичка терапија, пренесува весникот „Известија“.
Суштината на оваа метода е во внесувањето во организмот на пациентот (речиси по правило интравенски) на специјална супстанца, фотосензибилизатор кој во големи количини се трупа во клетките на ракот и ги разбива под дејство на светлината.
Покрај тоа, како што изјави еден од учесниците во истражувањето, шеф на Катедрата за хемија и технологија на биолошки активни соединенија на Рускиот технолошки универзитет МИРЕА Михаил Грин, фотосензибилизаторите го разбиваат туморот на уште два начина. Тие се во состојба, пред сѐ, да ги оштетат крвните садови на туморот, нарушувајќи го доводот на хранливите материи во туморот. Покрај тоа, овие честички го активираат имунолошкиот систем на човекот, поттикнувајќи негов самостоен напад врз клетките на ракот, рече Михаил Грин.
Меѓутоа, молекулите-убијци на туморот доспевале и во здравите клетки. Затоа била неопходна само насочена примена на ласерскиот зрак. Тоа значи дека со таквиот метод било можно да се излечи меланомот, ракот на кожата, кога туморот се наоѓа на површината на телото и едноставно добро е видлив.
Во овој момент научниците пронајдоа начин да ја следат локацијата на молекулата на внесената супстанција со помош на МРТ и делуваат на погодениот орган прецизно, без страв од оштетување на здравите клетки. Според зборот на онкологот и професор на Првиот московски државен медицински универзитет „Сеченов“ Марина Секачева, овој пронајдок ќе овозможи не само лекување на онколошките заболувања, туку и нивно дијагностицирање.