Лекување рак со терахерцно зрачење

Извор: Пен Стејт / flickr.com

Извор: Пен Стејт / flickr.com

Физичарите на Санктпетербуршкиот државен универзитет (СПГУ) разработија и патентираа начин на лекување на ракот на кожа со помош на терахерцно зрачење, пренесува РИА Новости.

„Доколку го насочиме зракот кон заболениот дел, тој ќе може прецизно да ги „запали“ само заболените клетки, а здравите ќе останат цели“, вели Алексеј Кавокин, раководител на лабораторијата „Ураљцев“, која се наоѓа во Санктпетербуршкиот државен универзитет. 

Група научници работеше на проектот за терахерцно зрачење три години. Дел од средствата што ги издвои државата за создавање на лабораторијата (околу 8 милиони долари), отиде на проектот. Уредот може да се направи за 5 години, истакнува Кавокин. Сепак научниците не можат да произведат прототип, да направат тестирање и да ја предадат технологијата на индустријата. 

Паметна платформа, радиоактивен јод и наноструктури за лекување рак
Изминатата година стана година на успех за работата на полето на лекување на ракот во Русија. Научниците предлагаат нови методи на борба со најраспространетите и најагресивни тумори.

„Определивме дека за нашиот уред се потребни кристали на галиум арсенид со слоеви алуминиум. Во лабораториските услови на универзитетот не можат да се направат повеќе од три кристали годишни, а за тестирање се потребни десетици вакви кристали“, објаснува соговорникот за РИА Новости. 

Се проценува дека за создавањето на уредот ќе бидат потребни 100 милиони долари. 

Пронаоѓачите не планираат да направат меѓународен патент за излез на светскиот пазар. „Процедурата е мошне сложена и изискува многу големи средства, вез поддршка од државата не можеме да го направиме тоа“, изјавува Кавокин.

Терахерцното зрачење е еден вид електромагнетно зрачење кое покрива спектрално подрачје помеѓу 300 гигахерци (3x1011 Hz) и 3 терахерци (3x1012 Hz), што одговара на бранови должини од субмилиметарски (<1 milimetar) до 100 микронски (крај на далечниот инфрацрвен опсег). 

Се смета дека терахерцното зрачење е безбедно за човекот, што овозможува тоа да биде користено во медицината. Се генерира со оптички ласер, а кристалот служи за преобразување на дадената енергија. 

Текстот на руски јазик

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња