Видеоматеријалот е прикажан на каналот на Министерството за одбрана на YouTube.
Од министерството напоменуваат дека историјата на руската авијација со голем долет почна со формирањето на ескадрилата воздушни бомбардери-двокрилци „Илја Муромец“ на 23 декември 1914 година. За време на Првата светска војна екипажите кои беа дел од авијацијата до голем долет изведоа повеќе од 400 борбени летови, додека во Втората светска војна овој број е зголемен 600 пати. Екипажите на бомбардерите со голем долет изведоа повеќе од 220 илјади борбени летови, при што фрлија повеќе од два милиони бомби со различна тежина.
Авијацијата со голем долет (рус. Дальняя авиация) годинава реализираше повеќе од 20 илјади часови лет. Изведени се повеќе од 40 летечко-тактички и специјални вежби со единиците за логистичка поддршка. Во состав на авијацијата со голем долет, а исправен термин е и стратешка авијација, влегоа четири модернизирани стратешки ракетоносци Ту-95МС и еден Ту-160.
Овој сегмент на борбената авијација е опремен со модернизирани бомбардери Ту-22М3, стратешки ракетоносци Ту-160, Ту-95МС, авиоцистерни Ил-78 и други видови воздухопловна техника.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче