Нуклеарна ракетна подморница од проектот 885 (08850) „Јасен“.
Фотографија од архивата на Слободан ЃукиќНуклеарните подморници од проектот 885 (08850) „Јасен“ имаат само цврст труп (лесниот труп зафаќа само еден негов дел во прамецот), а торпедните апарати не се во прамецот, затоа што во него се сместени хидроакустични антени со големи габарити. Ова за весникот „Росијскаја газета“ го изјави Владимир Дорофеев, генерален директор на поморското биро за машиноградба „Малахит“.
„Таквите подморници првично имаа противподморничка намена, а сега се претворени во офанзивно оружје. Имено, во подморниците од четврта генерација се вградени вертикални лансери кои овозможуваат примена на ракетно вооружување за различна намена“, објасни експертот.
Дорофеев зборуваше и за работата на создавање нуклеарни подморници од петта генерација. „Не би било добро доколку сега ги откриеме сите правци и спецификата на идните нуклеарни подморници и затоа ќе го кажам следново: подморниците од петтата генерација ќе одговараат на сите перспективни потреби на воената морнарица и ќе можат ефикасно да им парираат на заканите што ќе се појават“, истакна генералниот директор на „Малахит“.
Во овој момент се експлоатира едно пловило од проектот 885. Тоа е подморницата К-560 „Северодвинск“. Спуштена е во вода и втората таква подморница, К-561 „Казањ“, додека останатите две - К-573 „Новосибирск“ и К-571 „Краснојарск“ – ја поминаа фазата на хидраулично тестирање на трупот. Уште три подморници од овој проект се во фаза на изградба.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче