„Национален Интерес“ бара победник во „судирот“ меѓу нуклеарните подморници „Јасен“ и „Вирџинија“

Нуклеарната подморница „Северодвинск“

Нуклеарната подморница „Северодвинск“

Лав Феодосеев/TASS
По повеќе од дваесет години доминација на американските подморници, чии корени се совпаѓаат со колапсот на Советскиот Сојуз, Воената морнарица на САД се соочува со основан страв поради појавата на достоен ривал, пишува „Национален Интерес“ (The National Interest). Авторот на текстот американските Virginia Block III, обидувајќи се да го утврди победникот во евентуален директен судир.

Изградбата на главната нуклеарна подморница од Проектот 855 „Северодвинск“ е почната 1993 година, а завршена дури по дваесет години поради потешкотиите од финансиска природа.

Подморниците од класата „Јасен“ имаат поголеми димензии во однос на американските, долги се 118 (наспроти 115 метара), со речиси двојно поголем депласман од 13,8 тони (наспроти 7,9). Екипажот на руските пловила го сочинуваат 90 членови, додека подморниците од класата „Вирџинија“ ги опслужуваат 115 членови на екипажот, што зборува, како што се наведува, за високиот степен на автоматизација на „Јасен“.

Virginia Block III под вода може да се движи со брзина до 34 јазли, додека максималната брзина на руската подморница е 31 јазли. Затоа пак длабочината на нуркање на „Северодвинск“ е поголема и изнесува до 600 метри, додека границата на нуркање во длабочина на „Вирџинија“ достига 488 метри. 

Подморница од класата „Вирџинија“, SSN-776

Кога станува збор за вооружувањето на „Северодвинск“, подморницата располага со импресивен арсенал, кој го сочинуваат десет торпедни апарати калибар 533 мм во централниот дел на пловилото, во кое можат да се сместат самонаведувачки и далечински наведувани торпеда, како и осум лансирни рампи, секоја со по четири ракети. Се работи за ракетите „Калибар“ и „Оникс“ кои веќе ја потврдија својата ефикасност. 

Подморниците од класата „Вирџинија“ имаат само четири торпедни апарати калибар 533 мм, кои можат да истрелуваат самонаведувани торпеда и противбродски ракети. Опремени се со 12 уреди за лансирање на ракети „Томахавк“.  

Авторот на статијата доаѓа до заклучок дека во поглед на вооружувањето подморниците се од сличен ранг, макар што во директен судир помала предност би можеле да имаат подморниците од класата „Јасен“, благодарение на посилното ракетно вооружување. Новинарот истовремено истакнува дека подморниците од класата „Вирџинија“ се потивки и имаат подобар хидролокациски систем, што според него претставува важна предност.  

Сѐ на сѐ, ривалството меѓу овие две класи подморници веројатно ќе се развива во насока на примена на беспилотни подводни апарати и други нови технологии, пишува американскиот воено-аналитички магазин.

Прочитајте повеќе: Ви ја претставуваме репрезентацијата на руската морнарица и нејзините 11 опасни играчи

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња