Подморница „Лада“.
Министерство за одбрана на РФ/mil.ru„Завршено е тестирањето на „Санкт Петербург“ во кое оваа подморница покажа значително подобри карактеристики од подморниците на проектот 636 кои поради тешката забележливост со право се нарекуваат „Црни дупки“, изјави Бузаков, пренесува РИА „Новости“.
Тој изрази надеж дека проектот „Лада“ ќе продолжи со производство на серијата подморници од овој вид.
Генералниот директор истакна дека конструкторското биро „Рубин“ работи на нова ненуклеарна подморница со анаеробен мотор.
„Се надеваме дека во најскоро време ќе тргнеме со тој проект“, рече Бузаков.
Дизел-електричните подморници „Лада“ се четвртата генерација ненуклеарни подморници. Проектирани се за борба против подморници и бродови и за уништување на крајбрежни објекти на непријателот, за поставување мински пречки, како и за транспорт на товар и припадници на специјалните единици.
Се одликуваат со висок степен на автоматизам и ниско ниво на бучава, можат да бидат вооружени со крстосувачки ракети од системот „Калибар-ПЛ“, торпеда, ракети-торпеда и зенитни ракети „Игла“. Овие подморници можат да се спуштат на длабочина од 350 метри.
Бузаков уште во 2015 година соопшти дека четвртата генерација подморници од проектот „Лада“ според нечујноста ги надминала подморниците од проектот 636.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче