Модернизирани противсателитски комплекс „Крона“. Извор: rtisystems.ru.
Според информацијата на рускиот Генералштаб оваа година Министерството за одбрана ќе изврши тестирање на модернизираниот противсателитски комплекс „Крона“. Во 2010 година комплексот успешно ја мина фазата на модернизација, при што беше надграден со радиолокацискиот канал „Н“ со висока прецизност за распознавање орбитални цели и за определување на позицијата.
Комплексот е составен од два главни дела: ласерско-оптички локатор и радиолокациска станица.
Овој радиооптички комплекс на Космичката војска на Русија е дел од системот за контрола на космичкото пространство. Тој врши контрола на космичкото пространство како во пасивен, така и во активен режим (ласерска локација). По компјутерската обработка податоците се собираат во Центарот за контрола на космичкото пространство (ЦККП).
Комплексот „Крона“ почнал да се разработува уште во советско време, но заради недостиг на финансии бил одложен. Разработката продолжи дури во 2000 година. Комплексот е составен од два главни дела: ласерско-оптички локатор и радиолокациска станица.
Како воздушно надополнување на „Крона“ се применуваа ловец-пресретнувачи МиГ-31Д со ракети „Контакт“. Се претпоставуваше дека овие ракети со кинетичка боева глава можат да соборат сателит дури и на орбитата.
Во иднина врз база на овие ловци ќе бидат создадени нови специјални модели пресретнувачи.
Како резултат на тоа ловците беа испратени во Казахстан. При тестирањата што претстојат„Крона“ ќе ја дополнуваат обични ловци-пресретнувачи МиГ-31, кои се дели од воено-воздушните сили. Во иднина врз база на овие ловци ќе бидат создадени нови специјални модели пресретнувачи. Исто така, во моментов се врши разработка на замена со ракетите од типот „Контакт“.
Во март 2009 година тогашниот заменик-министер за одбрана на РФ за вооружување генералот на армијата Владимир Поповкин, одговарајќи на прашање за разработките во Русија на противсателитско оружје изјави: „Таква работа се спроведува во Руската Федерација. Не можеме мирно да гледаме што се случува во космосот“.
Генералот мислеше на форсирањето на работата за зголемување на орбиталната инсталација од страна на Американците и на соодветните планови за нејзина заштита.
Во почетокот на деведесеттите години од минатиот век со премолчена согласност сите тестирања на овие системи беа запрени како во Русија, така и во САД.
Сепак, во денешно време ниту една од земјите нема распоредено систем за противсателитски средства. Во почетокот на деведесеттите години од минатиот век со премолчена согласност сите тестирања на овие системи беа запрени како во Русија, така и во САД. Сепак создавањето противсателитско оружје не беше ограничено со ниту еден постоечки договор...
Може да се каже дека се разработени два начина за уништување на сателити. Првиот предвидува повлекување на сателит-пресретнувач со помош на ракета-носач на задната орбита, кој на вториот или на третиот круг се зближува со целта и експлодира. Во вториот случај кинетичката ракета-пресретнувач се повлекува со носачот на задната точка и ја уништува целта, користејќи го сопствениот активно-пасивен систем за насочување. Треба да се забележи дек како носач најперспективни се покажаа авионите: кај Американците – модернизираниот ловец F-15, а во СССР модернизираните варијанти на ловците МиГ-31 - МиГ-31Д.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче