Новата руска полувутоматска снајперска пушка „Чикавин“ (скр.СВЧ) наскоро ќе ги замени стандардните снајперски пушки СВД. Овие пушки беа наменети за општо зголемување на параметарот прецизност во борба, со цел компензација на недоволно прецизната автоматска пушка АК-47.
Како што пишува интернет порталот Popular Mechanics, СВД успешно служеше неколку децении, меѓутоа дојде време таа полека да се испрати во пензија. Основниот проблем кај овие пушки е невозможноста за цврста монтажа на оптички нишани кои се значително помасивни и потешки од претходните модели. По секој истрел се ризикува негово поместување, кое и на минимално ниво со микроскопски димензии, може драматично да го намали нивото при дејство на поголеми далечини.
Како што пренесува интернет ресурсот РГ, новата снајперска пушка СВЧ освен што успешно ќе ги замени постарите СВД, има и извонреден извозен потенцијал на меѓународниот пазар на оружје и воена техника.
„По распадот на Советскиот Сојуз руската армија наследи огромни количини стрелечко оружје. Снајперската пушка СВД, која е направена на почетокот на 60-те години на минатиот век, стана надмината за современата доба. На руската армија ѝ беше неопходна нова пушка“, се вели во публикацијата.
СВЧ првпат беше претставена на саемот за вооружување „Армија-2017“. Различните верзии на оваа пушка можат да користат стандардна пушчена муниција со калибар 7,62x54, вклучувајќи и муниција од западно потекло со калибри 308 Winchester и .338 LM. Како што се наведува во текстот, пушката може да погоди цел со големина на човек на далечина од 1640 јарди (околу 1500 метри).
Според својот внатрешен механизам, СВЧ е слична на стандардните автоматски пушки АК. Меѓутоа, нејзината надворешност е драматично модернизирана. На неа има современа база за монтирање на различна тактичка опрема во вид на Пикатини шина, решетка за фиксирање на оптичкиот нишан, носач за тактичка батерија, ласерски обележувач и придушувач.