„Мртва рака“: Во САД се потсетија на системот „Периметар“

Global Look Press

Колумнистот на наведениот магазин Мајкл Пек истакнува дека  „Мртва рака“ – како што системот е познат на Запад – е најужасното средство на Студената војна.

„Во иднина „Периметар“ би можел да стане посмртоносен од кога било“, наведува аналитичарот.

Причината за присетување на рускиот систем за нуклеарна одмазда е, според Пек, настанатата ситуација околу Договорот за ракетите со среден и мал дострел (РСМД/INF), од кој администрацијата на Доналд Трамп намерава да истапи.

Освен тоа, колумнистот цитира и статија од неделникот „Ѕвезда“ во која поранешниот командант на Стратешките ракетни сили на Руската Федерација генерал-полковник Виктор Есин наведува не само дека „Периметар“ е и понатаму во функција, туку и дека е унапреден.

Описот на примерот за дејство на овој систем колумнистот го дава врз основа на книгата „Мртва рака“ на авторот Дејвид Хофман. Според неговите зборови, системот се активира врз основа на одлуката на државното раководство. Потоа, офицерите на должност во подземните бункери можат да лансираат специјални командни ракети, во текот на чиј лет кон контролните пунктови се испраќа сигнал за лансирање на интерконтинентални балистички ракети. Се верува дека лансирањето на командните ракети е можно и во услови на губење на врската со врховната команда и тоа врз основа на детектирање на сеизмички активности кои би настанале поради повеќекратни нуклеарни експлозии. Оттука и називот „Мртва рака“, затоа што системот би извел нуклеарна казна спрема агресорот, дури и во случај комплетното раководство да е онеспособено.

Пек наведува и дека изминативе децении имало голем број гласови за „Периметар“, вклучувајќи го и тоа дека неговото функционирање е запрено. Но самата јавна дискусија за системот го потврдува неговото постоење, што е фактор кој мора да се земе предвид, пишува овој аналитичар.

Прочитајте повеќе: Дали рускиот систем за нуклеарна одмазда „Мртва рака“ е несоборлив?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња