Видео: Су-34 и Су-25 го објавија почетокот на новата сезона во обуката на руската армија

YouTube
Пилотските екипажи кои командуваат со воздухопловни формации од различен ранг изведоа летови во сложена метеоролошка ситуација, преку терен кој е многу тежок за ориентација, вклучувајќи и принудни слетувања под неповолни услови.

На интернет се појави видеоматеријал кој прикажува ловец-бомбардер од четвртата генерација Су-34 кој го објави почетокот на новиот годишен циклус на обука на руската армија. Самиот лет е изведен во сложени метеоролошки услови, над терен кој немаше никаква ориентација. Покрај тоа, извршено е и слетување без употреба на стандардните инструменти.

Во овие активности зедоа учество командирите на воздухопловни состави како што се полкови, ескадрили, одделенија кои се наоѓаат во рамките на стратешката, воено-транспортната, оперативно-тактичката и армиската авијација.

„Сухој“ Су-34 (рус. Сухой Су-34, НАТО  Fullback) е тактички повеќенаменски ловец-бомбардер од генерацијата 4++. Развиен е во КБ „Сухој“, а сериски се произведува во Новосибирската фабрика за авиони „Валериј Чкалов“. Неговата првенствена намена се бомбардерски задачи, во кои со употреба на ракети од класата „воздух-земја“ и авиобомби уништува широк спектар цели на земјата. Благодарение на компатибилноста со навистина обемната палета на воздухопловно вооружување, овој авион може да се бори против цели на море, но и во воздух. Во последно време овој авион е зајакнат со современи системи за електронско попречување, што значително ја усложнува позицијата на противникот во евентуален воздушен судир со овој авион, но и на непријателските екипажи на средствата за ПВО.

На снимката конкретно се гледаат контејнерите на системот за противелектронска борба „Хибини“ кои се наоѓаат на врвовите на крилата, каде имаат форма на ракета. Овој систем во целост го деформира сигналот кој непријателскиот радар од земја или од авион го насочува спрема леталото. Последиците од таа операција за изворот на радиосигналот можат да бидат крајно фатални: од деформација на сигналот до негова потполна блокада, со што радарски наведуваните ракети стануваа збунети и слепи.

Рускиот воено-индустриски комплекс покрај класичните борбени верзии разви и борбено-извидувачки верзии на ова летало опремени со уште поквалитетна радарска и оптоелектронска сензорика.

Прочитајте повеќе: Што има наследено Су-34 од бомбардерите и ловците?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња