Ту-95, најбучниот симбол на Студената војна, вчера и денес (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во ноември 1952 година својот прв лет го имаше Ту-95, првиот советски интерконтинентален бомбардер и последниот авион кој е направен по наредба на Сталин. Освен главната задача - борбено дежурство и подготвеност да предводи напад врз САД преку Северниот пол - овој единствен сериски турбоелисен бомбардер фрлаше термонуклеарни бомби и ги плашеше американските носачи на авиони.