Ту-95МС „Калуга“
Алексеј Сухоруков/Global Look PressБлагодарение на радиоелектронскиот нишански систем СВП-24 кој е успешно тестиран на авионите Су-24 во Сирија, руска воена авијација сега е во состојба да ги насочи директно во целта веќе лансираните ракети. Се работи за систем кој од обични прави суперпрецизни бомби. СВП-24 ги зема предвид брзината на летот и висината на која се наоѓа бомбардерот, брзината и правецот на ветрот, многуте други фактори и го контролира движењето на бомбата директно кон целта.
Нешто слично Русите измислија и за стратешките бомбардери, пишува „Национален Интерес“. Така крстосувачките ракети Х-101, кои „по својата природа се суперпрецизни“ ќе можат да се пренасочуваат веќе во воздухот.
Ту-95 е главниот стратешки бомбардер на руската авијација. Авионот ги држи рекордите во далечина и должина на летот, може да понесе 15 тони бомби и ракети. Најновата верзија Ту-95МС16 е вооружена со ракетите Х-101.
Прочитајте повеќе за историјата на руската стратешка авијација.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче