Првпат е створена органска конструкција на штитна жлезда на глушец со употреба на тродимензионален биопечатач и тоа во вселенски услови, соопшти руската државна космичка агенција „Роскосмос“.
„Космонаутот на „Роскосмос“ Олег Кононенко, кој пристигна на Меѓународната вселенска станица на 3 декември оваа година, почна експерименти со „печатење“ на живи ткива со употреба тродимензионален печатач. Во овој момент веќе се остварени првите резултати на експериментот – произведено е ткиво на штитната жлезда на глушец во услови на нулта гравитација“, се наведува во денешното соопштение на агенцијата.
Во текот на декември оваа година ткивото и примероците добиени во рамките на наведениот експеримент ќе бидат спуштени на Земјата за да бидат подложени на понатамошни испитувања. Резултатите ќе бидат соопштени на почетокот на 2019 година.
На 3 декември од космодромот Бајконур беше успешно лансиран „Сојуз МС-11“, а во неговото товарно одделение се наоѓаше „Органавт“ – тродимензионален магнетен биопечатач, направен за прво печатење на живи ткива во орбитата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче