Руската армија размислува да претвори 2 ексадрили „Ноќни ловци“ и „Алигатори“ во лесни бомбардери

Комерсант
Модернизацијата на јуришните хеликоптери Ми-28 и Ка-52 ќе обезбеди интеграција на специјалните носачи за воздухопловните бомби кои се наоѓаат на борбените авиони Су-30, Су-35 и МиГ-29. Со оваа модификација, хеликоптерите ќе можат да дејствуваат со разорни бомби од 500 и повеќе килограми.

Јуришните хеликоптери Ми-28 „Ноќен ловец“ и Ка-52 „Алигатор“, кои се наоѓаат во вооружувањето на руската армија, ќе се користат и како лесни бомбардери. Тие имено ќе носат воздухопловни авиобомби со фугасно (разорно) дејство.

Во руското Министерство за одбрана се разгледува можноста за модернизација на две ескадрили јуришни хеликоптери Ми-28 и Ка-52 кои ќе можат како ловците-бомбардери да употребуваат и потешки воздухопловни бомби. Тие ќе добијат специјални носачи за овие бомби кои инаку се наоѓаат на ловците-бомбардери Су-30, Су-35 и МиГ-29. Одбраните хеликоптери ќе бидат испратени во филијалата на воено-школскиот центар на Военото воздухопловство „Воено-воздухопловна академија „Проф. Н. Е. Жуковски и Ј. А. Гагарин“ во Сизран, каде ќе се изведе обука на хеликоптерските екипажи за дејствување со воздухопловни бомби.

Воениот експерт Антон Лавров забележува дека во посебни тактички услови на употреба на хеликоптерски сили овие средства можат да се искористат и како лесни бомбардери. Ова во целокупната равенка на чинење на една операција осетно ги намалува нејзините трошоци. Оваа модернизација ќе има своја најголема примена во операции со низок интензитет, против терористички сили кои имаат ограничени ресурси за противвоздушна борба.

Неодамна генералниот директор на концернот „Хеликоптери на Русија“ изјави дека модернизираната варијанта на јуришниот хеликоптер Ми-28Н ќе има способност да уништува цели на копно со употреба на воздухопловни бомби тешки до 500 кг. Според него, голем дел од овие подобрувања е направен врз основа на борбеното искуство на базичната варијанта на Ми-28Н „Ноќен ловец“ кој е интензивно применуван во Сирија.

Погледнете го видеото со основниот јуришен хеликоптер Ми-28Н во 90 секунди

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња