Руските атомски подморници добија усовршени торпеда кои напаѓаат од големи длабочини

Слободан Ѓукиќ
Подводната руска флота е опремена со првиот контингент од 20 модернизирани самонаведувани торпеда „Физик-1“ кои имаат ефективен дострел до 50 км. Основната карактеристика на овие торпеда е што можат да се лансираат од длабочина од речиси половина километар.

Со овие торпеда се снабдени поморските бази во Североморск, Балтијск, Севастопол и Фокино во Приморскиот крај. Информацијата за испораката на новите торпеда ја објави  ТВ „Ѕвезда, пренесува информативниот портал РГ.

Во 2015 година медиумите соопштија дека новите торпеда влегоа во оперативното вооружување на руската Воена морнарица, а во фабриката „Дагдизел“ во Каспијск почнало нивното сериско производство. Во првата транша со овие торпеда беа вооружени подморниците од класите 955 „Бореј“ и 885 „Јасен“.

Инаку, развојот на проектот за универзално длабководно самонаведувано торпедо „Физик“ почна уште за време на СССР, во  Ленинград 1986 година. Ова торпедо е опремено со боева глава тешка 300 кг и комбиниран систем за акустично самонаведување, кое покрај тоа овозможува и телеметриско наведување директно од подморница со помош на кабел кој заедно со торпедото се одмотува на далечина до 30 км. Торпедото „Физик-1“ е долго 7,2 метри и тешко 2200 кг.

Во 2016 година се појавија информации дека рускиот воено-индустриски комплекс работи на проект на торпедо од петта генерација под називот „Футљар“/ „Физик-2“ (претставува модернизација на торпедото „Физик“) со ефективен дострел до 50 км, ефективног домета до 50км, максимална брзина на движење под вода до 93 км/ч и способност за лансирање на торпедото од подморница која се наоѓа на длабочина од 400 метри. Државните тестирања на ова торпедо беа организирани на езерото Исик –Кул во Киргизија. Почетокот на сериското производство беше планиран за 2017 година.

Прочитајте повеќе: Советската програма за развој на стратешко подводно вооружување може да се оствари во денешна Русија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња