Објавена снимка од полетување на „Стрижи“ направена од кабина

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Акробатскатa група „Стрижи“ објави видеоснимка од летовите на иранскиот аеромитинг „Iran Air Show-2018“.

„Втор ден летање во Иран! Ги усовршуваме не само пилотирањето, туку и техниките на снимање“, се наведува во описот на видеоклипот објавен на официјалниот „Инстаграм“ профил на групата.

Снимката е направена од пилотската кабина на леталото. На неа се гледа како неколку авиони прелетуваат преку аеродромот, испуштаат топлотни мамки и се прегрупираат.

Во моментов „Стрижи“ летаат на апарати МиГ-29. Во мај командантот на Военото воздухопловство (ВВС) и заменик-командант на космичките сили генерал-полковник Андреј Јудин изјави дека групата ќе биде една првите формации на Военото воздухопловство која ќе ги добие новите авиони МиГ-35.

Во март пилотите на акробатските групи „Руски витези“ и „Стрижи“ изведоа „воздушна битка“ во склоп на вежба.

Погледнете ги „Руските витези“ и „Стрижи“ во акција