„Руските витези“ летаат на ловци Су-30СМ
Global Look PressФигурите на руските пилоти во воздух го привлекоа вниманието на експертите и претставниците на деловните кругови кои пред тоа главно шетаа пред изложените авиони и хеликоптери.
„Витезите“ меѓу другото го изведоа и таканареченото „буре“, т.е. вртење на авионот околу својата оска, како и фигурата во кој два авиони летаат во пресрет еден на друг и нагло свртуваат.
Имаше и други акробатски фигури, на пример, летање на „грб “ и „огледало“ (авионите летаат паралелно, но еден од нив е свртен со „грбот“ надолу).
„Руските витези“ летаат на ловци Су-30СМ во сино-бели бои. Фигурите ги изведуваат на многу мали висини.
По „витезите“ полета руски авион-амфибија Бе-200, а рускиот дел од програмата го заврши ловецот Су-35 кој неколку секунди „висеше“ во воздух.
Во Дубаи како експонат е изложен и руски „Сухој Суперџет 100“ со ВИП опрема.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче