Русите го претвораат „Искандер-М“ во противбродско орудие: Пристига новата ракета Р-500 „Калибар“

Комсомольская правда/Global Look Press
Рускиот оперативно-тактички балистички систем „Искандер-М“ нема да биде наменет само за уништување на непријателски копнени цели. Со новата ракета која ќе има исклучителни тактичко-технички карактеристики, тој ќе може ефикасно да се бори и со површински бродови.

На почетокот на август руската војска тестираше нови ракети за својот копнен оперативно-тактички балистички систем со краток дострел „Искандер-М”.

Се работи за ракетите Р-500 „Калибар”, копнена верзија на противбродската ракета, која првпат е употребена кон крајот на 2015 година за уништување на терористи на тнр. Исламска држава во Сирија. Копнената верзија е посебно креирана и интегрирана во системите „Искандер-М” и може да разнесе цели на оддалеченост до  500 километри.

Противбродските ракети Р-500 „Калибар” се прилагодени за гаѓање на разурнувачи од втора и трета класа. Тоа се бродови кои можат да носат ракети „Томахавк” и компоненти на американскиот балистички одбранбен систем „Иџис“ (Aegis). Бродовите од оваа класа (освен крстосувачите од типот на „Тикондерога”) се главните лансирни платформи за изведување на стратегијата на молневит глобален удар, што претставува еден од елементите на кои инсистира Војската на САД.

Новите руски противбродски ракети гаѓаат цели на оддалеченост до 500 километри и летаат со брзина од 2000 км/ч.

Летаат над површината на водата, на висина од само пет до десет метри, што значи дека е практично невозможно да бидат пресретнати со кој било тип систем за противракетна одбрана на море.

Ракетата може да носи боева глава од 200-500 кг. Полесните обично се користат за разурнувачи, додека потешките се предвидени за крстосувачи.

Според воениот аналитичар на агенцијата ТАСС Виктор Литовкин, ова оружје ќе го добијат воените бази во Калининградската област, на Крим и на Далечниот Исток на Русија. Тоа би требало да служи како средство за одвраќање на непријателските бродови кои потенцијално би влегле во руски води.

Прочитајте повеќе: Квазибалистичка ракета 9М723 на „Искандер-М“ погоди цел со нулта отстапување од зададената точка

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња