Путин им вети на војската и морнарицата опремување од големи размери

Слободан Ѓукиќ

Шефот на руската држава Владимир Путин го пофали процесот на опремување на Вооружените сили со современи борбени системи.

Тој забележа дека „предвиденото темпо на опремување генерално се почитува“. Според него, посебно внимание е посветено на развојот на  перспективни системи и комплекси кои ќе ја детерминираат иднината на Вооружените сили на Руската Федерација.

Како што е предвидено со новата државна програма за вооружување, до 2021 година барем 70 отсто од арсеналот на војската и морнарицата би требало да биде составен од најмодерно оружје и опрема, пренесуваат медиумите.

Според рускиот претседател, „толку обемното опремување на силите ќе овозможи решавање на цела низа комплексни современи и идни задачи“ кои би можеле да се најдат пред руските вооружени сили. Пред сѐ, зборуваме за „зачувувањето на стратешката стабилност“, како и за „сигурна заштита на Русија од надворешни закани“.

За развој и масовно производство на воена опрема и оружје оваа година Русија издвои 1,5 билиони рубли.

Прочитајте повеќе: Како руското Министерство за одбрана го троши воениот буџет?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња