ВИДЕО: Погледнете како Су-34 во содејство со тешки ракетни фрлачи „Голан“ бомбардираат терористи

Слободан Ѓукиќ
За ликвидација на „џихадистичкото“ упориште на југот на Сирија (дел од територијата источно од градот Сувајда кој е многу слабо населен и тешко прооден) се употребени специјално проектираните ракетни фрлачи „Голан-1000“ направени врз база на основниот борбен тенк Т-72, како и „Голан-400“ кои како своја платформа користат пренаменето камионско возило.

На интернет се појави видеоматеријал, на кој овие средства се поставени на руска камионска платформа ГАЗ-3308 „Садко“. Имено, повеќе од 110 воени камиони од овој тип ѝ беа испорачани на Сирија 2005 година и по две години испитувања усвоени во единиците на сириската армија. Сиријците на нив монтираа лансирни платформи (една или две) на кои се наоѓа ист број импровизирани ракети. 

Ефективниот дострел на ова оружје не е многу голем, но се карактеризира со голема разорна моќ на боевата глава. Таа може да направи навистина голема штета кога ќе ја погоди целта.

Популарните „сириски Катјуши“ со свои раце беа направени од специјалистите на елитната 4 тенковска дивизија. Оваа единица на терен уште ја нарекуваат и „тенковска единица за специјални операции“. Се работи за средства кои се многу употребливи во борба против забарикадиран и вкопан непријател. Тоа особено ефикасно се покажа при уличните борби во Дамаск, но како што гледаме истото се покажува и на простор кој се наоѓа надвор од населени места.

Меѓутоа, сириската армија не се потпира само на овие средства за огнена поддршка. Во нападот на пешадиските единици асистираа и ударните хеликоптери Ми-25 (извозна верзија на хеликоптерот Ми-24) и, интересно, противподморничките Ка-28. Нивната улога беше чисто бомбардерска, каде од голема висина дејствуваа со гравитациски бомби врз терористите. Во еден момент пред САА се кренаа неколку густи црни облаци по што добро се затресе целата околина. Сирискиот снимател кој ги следи единиците во тој момент на небото фати руски ловец-бомбардер Су-34 кој дејствуваше по непријателот.

Прочитајте повеќе: Сирија: Првпат прикажани ловци од петтата генерација Су-57 во една борбена мисија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња