„Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Европските авиони-ловци не му можат ништо на рускиот С-400 „Триумф“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Еден од најскапите борбени авиони во историјата на германското воздухопловство тешко може да им се спротивстави на руските ПВО-системи С-400, е заклучокот на германските воени аналитичари но и офицери.

Во текстот се напоменува дека повеќенаменскиот авион-ловец Eurofighter е во најголема мера проектиран со цел остварување на превласт во воздушниот простор, но и за операции за воздушна поддршка на ловците-бомбардери од типот на „Торнадо“ при нивно дејствување по копнени цели на непријателот.

И покрај тоа што ловците-бомбадери „Торнадо“ имаат способност да извршат напад врз копнени цели оддалечени 150 км, во денешен судир тоа не е доволно. Особено ако се смета на судир со Русија.

Имено, во составот на руската противвоздухопловна одбрана постојат средства како што е, на пример, С-400 „Триумф“, кој со своите ракети од класата „земја-воздух“ далеку ги надминуваат дострелите на ракетите од класата „воздух-земја“¹ кои ги поседуваат овие авиони.

Според зборовите на еден офицер на германското Воено воздухопловство, толку моќен и современ систем за ПВО како што е С-400 „Триумф“ е невозможно да се исфрли од строј без масовна примена на софистицирани, но и прескапи убојни средства, како и без осетни загуби во летала но и екипажи кои би управувале со нив.

¹Додуша овој авион може да употреби крстосувачка ракета TaurusKEPD 350 чиј дострел изнесува над 500 км но е многу дискутабилно колку со оваа ракета може да се загрози еден респектабилен систем како што е С-400, околу кој е густо распоредена ешалонирана одбрана составена од голем број модерни системи со мал и среден дострел опремени со активни и пасивни системи за откривање и наведување („Бук-М2/М3“, „Панцир-С“ „Тор-М2“). Притоа, се работи за супсонична ракета со големи габарии која единствено може да се надева на својата намалена радарска видливост. Штом се детектира претставува многу едноставна воздушна цел за соборување.

Погледнете повеќе: „Триумф“ и „Панцир“ на Крим уништија „непријателски“ ракети (ВИДЕО)