Ова е рускиот шпионски авион кој „гледа“ сѐ во Сирија (ВИДЕО)

Скриншот

Руското Министерство за одбрана објави видеоснимка од полетување на шпионско-извидувачкиот авион А-50 со далекуметен радар.

Се забележува дека летечкиот комплекс ДЛРО А-50У е изграден врз база на авионот Ил-76. Радарската антена во вид на печурка му овозможува на екипажот да детектира балистички ракети оддалечени и до 800 километри, бомбардери на растојанија од 650 км, а ловци на далечини и до 300 км. Радарот на овој авион може да истовремено да следи до 30 мети, наведувајќи 30 МиГ-ови 31 кон нив. Притоа со пресретнувачот МиГ-31 постои автоматска размена на податоци. Кај најновата верзија на авионот А-50У радарскиот комплекс е унапреден за потребите за подобра детекција на мети со мали димензии и мети кои се движат на мали висини.

Авионите ДЛРО активно се користени во Сирија каде ги надгледуваа активностите на САД и нивните сојузници во сирискиот воздушен простор. Информациите кои ги собраа се покажаа како скапоцени за Воздушно-космичките сили на Руската Федерација.

Освен тоа, новите „летечки радари“ А-100 се во фаза на развој во Русија. Тие ќе бидат опремени со нов мултифункционален радарско-технички комплекс и посилни мотори. Се очекува авионите А-100 да влезат во активна употреба 2020 година – истовремено со новите ловци Су-57 и МиГ-35.

Погледнете го видеото: Враќањето на рускиот „летечки радар” А-50 од Сирија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња